АктуелноМеѓународна сценаММА

Судија брутално нокаутиран со нога (ВИДЕО)

ММА борците се брутални и се само за најиздржливите луѓе на Земјината топка. Но, тоа не важи и за судиите на овие жестоки судири во октагонот, коишто имаат задача, како и во секој спорт така и овде, да ја делат правдата.

На ММА Супер куп мечот меѓу Мексико и Ирска, делителот на правдата беше нокаутиран со нога откако претставникот на Мексико се обиде да го удри противникот.

Судијата падна на земјата, а неколку минути му се укажуваше и медицинска помош. ММА Супер куп е натпреварување во кое учествуваат репрезентации, а тоа се одржува во Бахреин.

Првопласираниот национален тим на крајот ќе стане побогат за 100 илјади долари, додека втората селекција ќе инкасира 75 илјади долари.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON