Еди Херн работи на борба меѓу Џошуа и Вајлдер

Многу е веројатно дека долгоочекуваниот реванш меѓу Aлександр Усик и Ентони Џошуа нема да се одржи напролет, а британската централа веќе работи на уште еден ривал.

Неговиот промотор Еди Херн ги наведе потенцијалните ривали на поранешниот светски шампион.

„Не можете да ги бркате овие луѓе сега, замислете низ што поминуваат во нивните животи сега“, започна Херн.

„Усик во моментов не размислува за Џошуа. Му кажав на неговиот промотор дека ќе го подигнеме за меч до мај или јуни, но Еј Џеј сакаше да се бори, па ќе направиме друга битка ако не можат. Тогаш можеме да се сретнеме есента. Џошуа сака да оди на рингот во мај.

Мислам дека за ден или два ќе имаме поголема извеност по прашањето.

Не гледаме различни опции – Луис Ортиз или Ото Валин, а со спротивен гард како Усик. Џо Џојс е исто така опција, дури и Дионтеј Вајлдер. Американецот е топ избор во моментов и работиме на таква битка“, призна Херн и додаде:

„Џошуа дефинитивно ќе се соочи со топ 10 борец. Тој сака да го направи тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО