БоксПрофесионален
Уште еден епски меч: Канело и Кото се среќаваат на 21 ноември!
Сите љубители на боксот, кои не го добија она што го очекуваа на средбата меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, ќе може да уживаат во нов епски меч.
Канело Алварез и Мигуел Кото конечно постигнаа согласност за средба по неколку месеци преговарање. Средбата ќе се одржи на 21 ноември во Лас Вегас.
Борбата ќе се емитува на ХБО.




