АктуелноДомашна сценаММА

ММА семинар со Џакиќ и Бакочевиќ во Прилеп на 4 октомври

Za seminarot na maksam

На 4 октомври во Прилеп ќе се одржи ММА семинар со Душан Џакиќ и Васо Бакочевиќ, професионални борци кои уживаат голема популарност во регионов.

„На семинарот ќе бидат прикажани и увежбувани техники кои се користат во ММА борбите -удирачки техники, техники во клинч, техники на фрлања и уривање, контрола на противник и удари во партер,,завршници со разни полуги и гушења. На семинарот се поканети сите љубители на боречките спортови од Македонија и пошироко. Целта на овој семинар е подобро запознавање и изучување на ММА, афирмација на ММА во Прилеп и Македонија, едукација на тренерите во клубовите и сите оние кои се натпреваруваат или планираат да се натпреваруваат во мешаните боречки вештини“, наведуваат од Максам од Прилеп.

Станува збор за двајца искусни професионалци од кои има што да се види и научи. Ќе можности за размена на искуства и прашања.

 Семинарот е во организација на Центарот за боречки вештини и спортски активности „Максам“-Прилеп.

ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON