Блахович сака да види Нгану што е полска сила

Јан Блахович е подготвен да влезе во кафезот со Френсис Нгану. 38-годишниот Полјак, кој е шампион во полутешка категорија, тврди дека силата на Нгану не може да се спореди со неговата. На почетокот на минатиот месец, Блахович го победи Израел Адесања и да ја одбрани титулата.

Јан влезе во серија од пет последователни победи и победи во 9 од последните 10 борби во кафезот. Нгану го нокаутира Стипе Миочиќ и ја освои титулата во тешка категорија. Во интервју за РТ спорт, Блахович со свое видување за меч со Нгану.

„Ако УФЦ сака да ми даде борба со Френсис Нгану, тогаш зошто да не? Тој има моќ на предатор. Нгану има голема сила, но никоја не е како мојата полска сила.

Јас можам да се борам со Џон Џонс во полутешка категорија или тешка категорија. Не ми е грижа. Мислам дека тој ќе остане во тешка категорија, но ако се врати, тогаш ќе го чекам. Знам дека можам да го победам“, изјави Блахович.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО