По почитта, Мек Грегор ги обезвредни „претераните“ достигнувања на Хабиб

Конор Мек Грегор му ја честиташе победата на Хабиб Нурмагомедов и ја покажа својата почит.

Но, за кратко време …

Мек Грегор остана верен на самиот себе и го расипа списокот на достигнувања на новинарот Мајк Бон што Хабиб го постигна во неговата кариера.

„Брзата работа на Мајкл“, напиша Конор. „Андреj Арлвски е од Белорусија и тоа е причината што го има знамето на Белорусија на новиот шампионски појас. Заедно со другите 7 земји од првиот шампион. Олег Тактаров е уште еден Русин. Иако учествуваше на турнир, тој беше без официјален појас.

Првиот официјален шампионски појас на УФЦ беше во УФЦ 12. Марк Колман беше победник и поради него го има американското знаме во новиот дизајн на појасот. Заедно со Холандија – Бас, Канада – Карлос, Белорусија – Андре, Бразил – Бустаманте, Полска – Јоана, Англија – Мајкл и Ирска – Конор.

Сите други статистички податоци се за ѓубре. Секунди, соборувања и сл. Ова се ѓубриња и претерани достигнувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО