Мајк Тајсон ќе се обиде максимално брзо да го нокаутира Рој Џонс

Боксерскиот тренер Фреди Роуч, кој соработуваше со Мајк Тајсон во минатото, очекува боксерот на 28 ноември да излезе подготвен за убиство во борбата со поранешниот шампион во четири категории Рој Џонс.

Тајсон (54) е поранешен шампион во тешка категорија, но не се натпреварувал од 2005 година кога беше нокаутиран од Кевин Мек Брајд.

Џонс има 51 година и има титули во средна, суперсредна и тешка категорија, но е надвор од рингот од 2018 година.

Нивната борба е планирана како „демонстративна“ во 8 рунди во Лос Анџелес.

Роуч неодамна се сретна со Тајсон, а откако разговараше со него, очекува Тајсон да излезе директно со силни удари и да го нокаутира својот противник.

„Зборував со Мајк пред 10 дена и му реков дека не го разбирам значењето на зборот „демонстративна борба“. Тој се смееше – знаеше што сакав да кажам. Мајк е борец од старата школа, кој има само една брзина – напред“, рече Роуч.

„И знам дека кога ќе удри гонгот, Мајк веднаш ќе се расфрла со силните удари. Мислам дека ќе го нокаутира Рој Џонс. Но, го предупредив Мајк да внимава да не го удира Рој со левата рака”, рече Роуч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО