Вајт за Конор: Тоа е еден од највалканите потези; Мек Грегор возврати: Престани да лажеш!

„Луѓето ме сардисаа од сите страни. Секој овде знае дека тука станува збор за некаков кодекс на чест…“

Дана Вајт не беше баш пресреќна кога дозна дека Конор Мек Грегор во петокот јавно споделил „скринштови“ од нивниот приватен разговор.

Да потсетиме, поранешниот двократен шампион преку Твитер изјави дека го прифаќа мечот со Диего Санчез, кој претходно изрази желба да ја заврши кариерата борејќи се со славниот Ирец.

Конор со одговорот приложи „скриншотови“ од приватен разговор со Вајт, кои откриваат дека тој му предложил на претседателот на УФЦ меч со Санчез уште во февруари.

На Вајт таа опција не му се допадна, а изгледа дека уште полошо му делуваше потегот на Мек Грегор, кој го нарече „еден од највалканите што може да го изведеш“.

“Луѓето ме прогонуваа од сите страни. Секој овде знае дека тоа е еден вид кодекс на чест. Едноставно, такви работи не правите. Тоа е една од највалканите работи што можете да ги направите. Покрај тоа, Диего Санчез беше дел од тој приватен разговор што го имав со Конор Мек Грегор. Кога сте рангирани на второ или трето место во светот и ми велите дека сакате меч со 39-годишниот Диего Санчез кој не е рангиран …“, коментираше Вајт на прес-конференција по УФЦ 253.

На Конор, се разбира, не му требаше многу време да одговори. Ирецот во неделата прво напиша дека се уште е заинтересиран да се бори против Диего, а потоа Вајт го нарече лажго.

„Сè уште сум заинтересиран во некоја прилика да се борам со Диего Санчез, вистински воин и пионер на спортот. Лошо ми е што некои новинари и промотори немаат доволно почит за сето она што даваат борците за овој спорт. Работите мора да се променат”, напиша Конор, а потоа во втората објава му одговори на Вајт:

„Кодексот е прекршен во моментот кога лажеше дека одбив да се борам. Реков дека го сакам Џастин (Гејџи) во мај, а ти рече дека не сакам да се борам. Овде работата не е во Диего, тој беше некој со кого сакав да го пополнам распоредот за да останам поактивен. Покрај тоа, беше вклучен во разговорите околу борбата со Мани (Пакијао). Престани да лажеш“, рече Мек Грегор.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО