На „Летниот таеквондо камп Охрид“ во организација на МТФ учествуваа 100 спортисти (ФОТО)

На „Летниот таеквондо камп Охрид“ во организација на МТФ се одржува по сдеми пат со учество на 100 спортисти од повеќе клубови на Федерацијата.

Се одржуваат посебни тренинзи за пионери, кадети, јуниори и сениори и за секоја старосна граница има посебна програма за работа.

„Голема благодарност до сите ученици. Овој камп бил е од огромно значење за сите оние коишто сериозно сакаат да се занимаваат со овој олимписки спорт, затоа што преку ваков вид на тренинг-кампови, каде што се среќаваат спортисти од различни клубови, формата на спортистите значително се подига на повисоко ниво“, вели претседателот и селектрот на Македонската таеквондо федерација Борче Костовски кој се надева дека во 2020 овој камп ќе биде меѓународен.

На овој камп се подготвувааа и нашите најдобри таеквондости Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска кои ги чека многу напорна и тешка натпреварувачка година. Од МТФ посочија дека наскоро ќе не известат за сите активности.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО