И в.д. претседателот на АИБА Мохамед Мустасан си поднесе оставка

Вршителот на должноста претседател на Светската боксерска федерација (АИБА), Мохамед Мустасан, си поднесе оставка, објави порталот „Inside the Games“. Извршниот одбор на АИБА го назначи Мустасан на функцијата привремен претседател на 23 март, а малку подоцна  беше избран и од страна на Конгресот. Пред Мустасан претседател беше Гафур Рахимов од Узбекистан.

Во светот на боксот има многу проблеми во моментов, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (МОК) прво ја лиши АИБА од правото да го претставува спортот, но ги остави самите спортисти во олимпиското семејство, па така ќе има боксерски турнир во Токио 2020 година. АИБА не успеа да ги исполни барањата на МОК и во моментов нивната меѓународна лиценца е одземена врз основа на финансиските критериуми, транспарентност на управувањето, судиите и етиката. МОК се изјасни и против изборот на Рахимов за претседател на АИБА, што луѓето од федерацијата не го испочитуваа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО