Таеквондо ИТФ Македонија од Лескоец кај Охрид го одбележа 23-от роденден од своето постоење.
„Во секој спорт, или било која работа, секој почеток е многу тежок. Ние кога бевме пионери на овој спорт во Македонија, бевме и тренери и организатори и натпреварувачи. Полека со тек на време почнавме да прераснуваме во поголема организација, и да се прошируваме со повеќе клубови, а исто така и да постигнеме врвни резултати.“-вели Марјанчо Лазарески од теквон до ИТФ Македонија.
Mногу медали и пехари освоиле натпреварувачите на клубот, кои се мотив и инспирација да се истрае по трасираниот пат.
Јубилејот беше одбележан со роденденска торта, специјално направена за оваа прилика, во присуство на натпреварувачите, членови и симпатизери на клубот, како и претставниците на Федерацијата Саша Поповски и Марјанчо Лазарески.