Вердум: Повредата на Веласкез е дел од неговата стратегија!

fabricio-werdum-champ

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Каин Велсакез и Фабрицио ќе се сретнат за да ја унифицираат титулата.

Двајцата требаше да се борат на УФЦ 180, но Веласкез отпадна од мечот поради повреда на ногата. Иако Мексиканецот се оперираше, Вердум изјави дека, според него, повредата не била толку сериозна и тоа било само дел од стратегијата.

 „Каин Веласкез е многу искусен, секогаш напаѓа и прави многу добра комбинирана бокс борба. Тој е и со добро кардио. Ако треба да бидам искрен, сепак, повредата не беше толку сериозна. Мислам дека тоа беше дел од неговата стратегија. Не верувам дека не можел да оди или, пак, имал потреба од операција. Тоа е мое мислење, никој не ми го кажал. Но, мислам дека за да ме успори малку , го направи сето тоа. Зашто виде колку многу ја сакам титулата , а јас се уште ја сакам“.

Веласкез не е многу по зборувањето, затоа, најверојатно, ќе го видиме неговиот одговор директно во октагонот, кога ќе се сретнат на 13 јуни на УФЦ 188.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО