Данов, Митров и Богаднов ќе настапат на „Јашар Догу“!

boracite vo mok za jasar dogu

Најдобрите македонски борачи ќе учествуваат на големиот меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Турција.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во заедничка соработка го обезбедија учеството на најдобрите македонски борачи и олимписки кандидати и на најсилниот Гранд при натпревар оваа година, Меѓународниот турнир “Јашар Догу” кој ќе се одржи во периодот од 27-29 март 2015 година, а по квалитетот е на ниво на светско првенство.

На овој турнир ќе учествуват Дејан Митров (65 кг), Дејан Богданов (97 кг), и Бобан Данов (125 кг), предводени од тренерот Љуљзим Вренези.

Се верува дека најдобрите македонските борачи ќе ги повторат високите спортски резултати кои македонското борење ги постигнува во последно време, од кои секако најголем беше бронзениот медал на Халил Зубаиров на Европското првенство во борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО