Флојд Мејведер ќе заработи 180 милиони долари од мечот со Мани Пакијао!

Mej crn

Флојд Мејведер ќе собере преголема сума од историски меч против Филипинецот, Мани Пакијао, за добивање на супершампион во бокс во полусредна категорија. Дуелот меѓу двајцата боксери е на 2 мај во Лас Вегас, а Американецот Мејведер ќе има приход речиси од 180 милиони долари. Вестта ја соопшти промоторот Боб Арум пред американските медиуми.

Се очекува средбата да ги собори сите рекорди по основ на телевизиски приходи. Организаторите очекуваат приходи од 74 милиони долари само од билети од боксерскиот натпревар Флојд Мејведер – Мани Пакијао . Ова е рекорден приход во историјата на боксот. Претходниот рекорд беше поставен на мечот Мејведер – Алварез и беше во износ од 20 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО