Над 2000 каратисти на Младинската карате лига во Софија, 66 се од Македонија

Над 2.000 спортисти од 71 земја ќе пристигнат во Бугарија за учество на првата во историјата Светска младинска лига во карате, која ќе се одржи од 25 до 27 мај во „Арената Армеец“ во Софија. Македонија ќе настапи со 66 натпреварувачи од повеќе клубови.

Натпреварувањето е за каратисти меѓу 12 и 18 години, воедно ова е квалификациски турнир за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес (Аргентина) во септември. Ова е е едно од најмасовните карате натпреварувања во Бугарија.

Борбите почнуваат во петок (25 мај) од 18 до 21 часот, а во сабота и недела (26 и 27 мај) се од 8:30 до 18:00 часот.

Учесниците се поделени во три старосни групи Ц деца (12-13 години), кадети (14-15 години) и млади (16-17 години). Тие ќе се натпреваруваат во дисциплините ката и кумите поединечно по категорија за секоја возраст кај девојките и кај момчињата. Само на највозрасните и се доделуваат поени за пласман на Олимпијадата за млади.

Освен на овој турнир, нормата за Олимпијадата во Аргентина ќе се брка и во Умаг (Хрватска), Канкун (Мексико) и во Каорле – Венеција (Италија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО