Кро Кап повторно се јави од болничкиот кревет и му се обрати на „Биг Кантри“ (ФОТО)

Откако синоќа се обрати од болница, денеска Мирко Филиповиќ повторно објави статус во однос на откажувањето на мечот на Белатор 200 кој беше закажана за овој петок во Лондон.

Во понеделникот, ММАја шокираше веста за сериозна повреда на коленото и операцијата која мораше итно да ја направи Филиповиќ. И само два дена пред патот до британскиот главен град и да се бори во мечот кој требаше да биде негово деби во промоцијата на Скот Кокер.

Кро Кап е денес ја искористи можноста за да му се извини на несудениот опонент Американецот Рој Нелсон преку неговиот официјален Фејсбук профил. Тој, исто така, побара да му даде уште една шанса кога ќе се опорави.

„Рој Нелсон, те молам, те молам прими го моето извинување за откажувањето на борбата. Тренирав напорно за нашата борба, исто како тебе. И знам како се чувствуваш сега. Но, во петокот го повредив коленото (ACL) и вчера морав да одам на операција“, ја започна својата објава легендарниот борец.

И покрај сериозната повреда и операција, Филиповиќ не помислува да ја прекине кариерата. Навистина, тој веќе размислува за нов термин за борба против Биг Канрти.

„Но, ќе се опоравам што е можно побрзо и се надевам дека наскоро ќе го имаме нашиот реванш кој навистина го сакам и се надевам дека повторно ќе го прифатиш“, рече Филиповиќ!

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/2000841676627186

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/posts/2000976296613724

Овој брилијантен двоец прв пат се сретна веќе сега далечната 2011 година, кога Нелсон го славеше со прекин во третата рунда. Во тој меч Кро Кап влезе со напукната тетива на бицепсот и токму тоа веројатно му кумуваше на поразот. Овој пат, повредата на левото колено се испречи на историскиот настан. Филиповиќ се повреди во петокот на еден од последните тренинзи пред настанот. Настрадаа вкрстените лигаменти на левата нога.

Белатор одлучи да го остави Нелсон на листата на борби и во моментов се обидуваат да му најдат замена за Кро Кап. Ќе успеат ли во тоа, ќе дознаеме многу наскоро. Втората главна борба е помсетена како главна на Белатор 200.

https://www.instagram.com/p/BjDXFE_nhbj/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО