Петар Арсовски повреден, останува без настап на Европското првенство

Петар Арсовски (38,5 кг) поради повреда на тренингот нема да учествува на Европското првенство во бокс за деца во Албена, Бугарија, кое почна вчера и ќе трае до 1 јуни.

На тренингот со бугарската репрезентација, каде што се подготуваше Петар за ЕП, дошло до повреда на носот, а по лекарскиот преглед е утврдено дека е ризично да настапи на шампионатот.

Како и да е, Арсовски има можност и догодина да настапи на Европското првенство за деца.

Арсосвки беше во добра форма, демонстрирајќи го тоа на Купот на Бугарија во Габрово, каде што го освои бронзениот медал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО