Големиот Ким Унг Чол го одржа третиот семинар во Охрид (ФОТО)

Викендов гранд мастер Ким Унг Чол, црн појас -деветти дан, во Домот на кулутрата Лескоец-Охрид, однонсо во спортската сала на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ одржа национален технички семинар. Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесниците на овај семинар.

Според тренерот на Хва ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски овие техники во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

„Одржавме технички семинар за теквондо ИТФ со професор гранд мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула гранд мастер, а ние ја имавме честа да учиме од еден од најдобрите во светот за ИТФ таеквондо. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство и неговото знаење, кое ќе ни потребно за натпреварувањата што ни претстојат оваа година. Може да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и имавме можност да ни биде претставена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско теквондо првенство во Талин, Естонија“ истакна Марјанчо Лазаревски.

Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа техниките,а во неделата по тренингот од 10-12 часот имаше полагање за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со нов носител на црн појас, Василија Јовчески се закити со црн појас –прв дан. Со овој настан таеквондистите од Лескоец и официјално ги започнаа своите активности за 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО