Бронзен медал за Анамарија Георгиевска со златен сјај на Турција опен од Г-1 серијата (ФОТО)

Анамарија Георгиевска (-59 кг) го освои борнзениот медал на Меѓународниот таеквондо турнир Турција опен во јуниорска конкуренција, a финалето и избега за еден поен против многу послината противничка од Иран.

Анамарија извојува три победи над Илина Иванова (Бугарија) со 17-3, Асем Шињбекова (Казахстан) 24-5 и Хурије Нур Ергин (Турција) 11-0, а во полуфиналето се сретна со силната Иранка Кимија Хемати од која изгуби само со еден бод разлика со 15-16. Од нашиот табор велат дека мали нијанси ја одлучиле победничката.

Хемати го освои затниот медал во оваа категорија.

„Ова е огромен успех за македонското таеквондо.Турција опен има Г1 ранг и е еден од најсилните турнири во светот, а оваа година имаше 1900 натпреварувачи од цел свет“, вели тренерот Дарко Костовски и додава дека добри борби покажале и Иван Крстевски, Филип Стаменов и Марко Аврамовски, но неуспеале да остварат пласман.

Утре се борат уште двајца наши натепреварувачи, европскиот шампион Дејан Георгиевски и Никола –Коки Георгиевски.

Резултати
Анамарија Георгиевска (-59 кг, јуниори) – Илина Иванова (Бугарија) 17-3
Анамарија Георгиевска (-59 кг, јуниори) – Асем Шињбекова (Казахстан) 24-5
Анамарија Георгиевска (-59 кг, јуниори) – Хурије Нур Ергин (Турција) 11-0
полуфинале
Анамарија Георгиевска (-59 кг, јуниори) – Кимија Хемати (Иран) 15-16

Филип Стаменов (-59 кг, јуниори) – Мехмет Али Килиџ (Турција) 4-18
Марко Аврамовски (-55 кг, јуниори) – Ајаз Ганбарли (Азербејџан) 10-15
Иван Крстевски (-63 кг, сениори) – Шил Чахид (Тунис) 5-13

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО