Александар Емилијаненко: Противникот се закани дека ќе ме испрати во болница. Нека се обиде!

На 27 септември Александар Емилијаненко (23-7) ќе се сретне со Бразилецот Геронимо Мондрагон (39-19). Ова ќе му биде првата борба на Русинот по 4 години, поради проблемите со законот и издржувањето на затворската казна. Сепак, тој се силно се подготвува за неа и е во одлична форма.

Деновите пред битката, Емелијаенко го излезе со мислење за противникот.

„Мондрагон ми се закани дека ќе ме испрати во болница, а тоа е голем апсурд. Нека се обиде! Можеби тешко ќе го победам, но ќе го победам. Ништо не ме загрижува кај него. Навистина е опасен. Искусен е, голем, тежок и има добро чувство за борба и може да соборува. Чуден борец е,  од кого може да се очекува сешто“.

Средбата ќе се одржи на 27 септември во Москва на турнирот ВФЦА/WFCA 42.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО