Мек Грегор ветува нокаут во четири рунди, Мејведер вели дека е борец за девет цифри (ВИДЕО)

Се случи првото соочување меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор, пред нивниот меч на 26 август. Актерите во најголемото шоу во светот на боксот досега, си разменија навреди и двајцата ветија сигурни победи.

Можеби досега се уште делуваше невистинито, но по синоќешниот дуел во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес делува и тоа како реално дека Мејведер и Мекгрегор ќе се борат на 26 август во Лас Вегас. Ирецот, кој со свои 28 години е во полна сила и актуелен УФЦ-шампион во две категории прв почна со реакции, во ладнокрвното лице на Мејведер.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1396908190345127/

„Погледнете го, облекол тренерки. Веќе нема пари ни за нормален костум. Погледнете ја таа мала глава, тие мали рачиња. Па тој е готов. Ќе го нокаутирам во четири рунди“, изјави Мејведер пред 11-илјадната публика на прес-конференцијата, која тежнееше повеќе на негова страна.

Мејведер почна поскромно, алудирајќи на своите 40 години и, секако, на својот прекар „Пари“.

„Јас сум постар човек. Не сум боксерот којшто бев пред 20 години. Но со сигурност знам дека имам доволно во мене за да го победам него. Ти си добар како за борец со седум цифри. Јас сум добар за борец со девет цифри“, изјави Мејведер, потсетувајќи го Мек Грегор дека во 2016 добил „само“ три милиони долари во поразот од Нејт Дијаз во 2016.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1396878510348095/

Мејведер веќе две години е пензиониран, а во кариерата има 49 победи и ниту еден пораз, како и шампионски појаси во шест боксерски категории. Мек Грегор никогаш досега во животот не боксувал, но прифати да се соочи со Мејведер токму во неговиот спорт, за да докаже дека и таму ќе биде непобедлив.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1397215403647739/

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО