Конор потврди: Конор можеби нема да се врати во УФЦ, ние нема да му застанеме на патот

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, конечно ја изговори реченицата која сите вистински аналитичари ја говорат веќе со недели – Конор Мек Грегор можеби никогаш нема да се вратат во октагонот по бокс мечот против Флојд Мејведер Јуниор. Шефот на елитната промоција, а сега промотор на овој мега бокс меч оваа реченица ја изговори на самиот почетокот на промотивната турнеја, која почна вчера (вторник) во Лос Анџелес.

Како прво, негираше дека овој меч некогаш ќе се случи, потоа се обиде да го минира заканувајќи му се на Мек Грегор дека е под договор со УФЦ, па се шлепаше на милионскиот брод кој одлучи да тргне со или без него, но тврдеше дека Ирецот ќе се врати во октагонот до крајот на 2017 година, а сега, конечно, на почетокот на оваа промотивна турнеја во Лос Анџелес призна – „Мек Грегор можеби никогаш нема да се врати“ …

„Многу луѓето работеа за нас во УФЦ и кога ќе заработат еден куп пари, едноствано ќе се заминат. Знаете? Никогаш не знаеш што ќе се случи кога некој ќе заработи таква сума на пари, можеби никогаш веќе нема да се бори“, рече Вајт кој очигледно сосема ја сврте плочата.

Сега тврди дека ако Ирец одлучи конечно да ги закачи ракавиците на клинец, тој нема да му застане на патот.

„Знаете, тоа е дел од договорот? Овој човек направи многу за спортот и за нашата компанија. Ова е меч што го сака, којј одлучивме да му го дадеме. Ако ова е крај на неговата кариера, тогаш нека биде така“.

Вајт така не зборуваше пред десет дена. Кога стана јасно дека Мек Грегор ќе боксира против Мејведер и притоа ќе заработи 100 милиони долари, УФЦ и понатаму тврдеше дека нивниот шампион треба да се врати во окатгонот до крајот на годината. Претседателот на УФЦ уште пред неколку дена потврди дека УФЦ работи на мечот Конор – Хабиб во Русија, што беше желба и на Мек Грегор.

Очигледно нешто се смени во меѓувреме ..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО