Мал ММА настан договорен како предигра на фудбалското „Ел Класико“ Реал Мадрид – Барселона

Нов доказ за се поголемата популарност на ММА е тој дека еден ММА настан ќе послужи како увертира на фудбалскиот натпревар на Реал Мадрид и Барселона, кој ќе се одржи во склоп на настанот Ел Класику Мајами, кон крајот на овој месец.

Во прашање е мал настан на промоцијата Комбате Америкас, кој се одржи во склоп на на настанот „Ел Класико Мајами“, која всушност е предводена од фудбалскиот меч на двете можеби најголемиот светски фудбалски екипи, Реал Мадрид и Барселона, кој ќе се одржи во најголемиот град на Флорида на 29 јули.

Всушност, тоа четиридневен фестивал кој почнува на 26 јули, а ќе заврши со спектакуларната средба, на која ќе се одржат повеќе манифестации, но факт е дека една од нив е ММА настан, секако дека многу значи за спортот.

Што се однесува до договорените борби, во главната ќе настапи Крис Авила, тимски колега на браќа Дијаз, кој минатата година забележа два УФЦ настапи. Нему ќе му се спротивстави талентираниот Рики Паласиос, борец со скор 8-1. Покрај нив ќе се одржат уште девет борби, а во повеќето од нив ќе настапат мексикански борци или борци од шпанско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО