Бакочевиќ и Звер конечно ја договорија меѓусебната пресметка

Bakocevik Zver

Две познати лица од регионалната боречка сцена конечно ќе се најдат во прилика расправиите на социјалните мрежи и медиумите да ги решат како што многу нивни фанови и би сакале – со борба во рингот/кафезот. Васо Бакочевиќ и Стефан Ѕвер толку долго очекуваниот двобој ќе го одработат на 22 април во Нови Сад.

Мечот е за ММА Новости го потврди Алекс Балашевиќ, организаторот на новоформираната „Мегдан“ промоција, која ќе биде домаќин на средбата.

Васо средбата со Стефан ќе ја дочека како многу искусен борец, зад кого во овој момент се дури 40 настапи (25-14-1), а пред овој дуел на 26 февруари ќе биде учесник на Оаза Фајт најт 3 настанот каде што ќе се бори против Урош Јуришиќ.

Од друга страна, непоразениот 24-годишник во Бакочевиќ ќе го има најсериозниот противник во кариерата во која оставри пет победи со прекин во исто толку борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО