Брестовац и Старинг ФФЦ шампиони!

Staring_Rodrigez

Последниот ФФЦ турнир во 2014 година, што се одржа во саботата во Опатија, ни даде двајца нови Фајнал фајт чемпионшипс прваци, но и вкупно 10 ФФЦ победници.

Првите историски ФФЦ шампиони во тешка категорија се Младен Брестовац и Дион Старинг. Брестовац со прекин во втората рунда го совлада горостасниот Полјак Висалв Квашњевски, додека Старинг беше подобар од поранешниот УФЦ шампион Родригез. Да започнеме со натпреварот против Брестовац- Квашњевски.

Загрпчанецот уште од самиот почеток нагласи дека е многу поквалитет борец, па не се доведуваше во прашање победникот. На Полјакот му броеја уште во првата рунда, откако едно колено заврши во неговото телото и со „операцијата скорпион“ ја заврши работата во втората рунда. Со обѕир дека на Брестовац ова му е дури 11 последователна победа, од кои повеќе од половина ги забележа во ФФЦ рингот, нема соменвање дека ја заслужува титулата. Ќе биде интересно да се види кој ќе биде неговиот прв противник и кога ќе го брани освоениот појас.

 За жал, мечот за појасот во тешка категорија меѓу Дион Старинг и Рико Родригез не ги исполни големите очекувања. Холанѓанецот доминираше од почртокот со физичката подготвеност и решителност, а подобриот влез во натпреварот го капитализираше со сјаен „преден удар со нога“ кој го фрли во нокдаун поранешниот шампион во УФЦ. Сепак се поврати и ја преживеа втората рунда. Меѓутоа, ниту во продолжението не можеше да стори нешто поконкретно, па Старинг без проблеми доминираше, како на нозе, така и на подот. По истекот на втората рунда, Родригез го предаде мечот и разочаран излезе од рингот.

Во другите два супер мечеви видовме половчен учинок на домашните борци Станиќ и Илиќ. Иако Иван Станиќ беше фаворит против Бахрудин Махмиќ, борец што влета во последен момент во тој меч. Релативно неинтересената борба заврши со победа на неговиот противник со судиска одлука. Тешко е штобило да се издвоји, бидејќи имаше малку чисти удари. Многу поимпресивен беше неговиот клупски колега, Доријан Илиќ, кој се врати во рингот по повеќе од една година. Тој со технички нокаут по фуриозниот ГНП го совлада Унгарецот Розмаринг уште во првата рунда.

ФФЦ 17 – фјучерс супер финале 

Младен Брестовац-Вислав Квашњевски, КО, Р2, 00:45

Бахрудин Седин – Иван Станиќ,со едногласна одлука

Дино Белошевиќ – Томислав Цикотиќ – без борба (повреда од полу-финалето)

Антонио Плазибат -Митар Дугалиќ, КО, Р3, 00:44

Никита Чуб – Ивица Чуклин со едногласна одлука на судиите

Јасмин Бајровиќ – Марко Драговиќ, КО, Р1, 01:38

Валентин Рибалко – Марко Адамовиќ, со едногласна одлука

 ММА

Дион Старинг – Рико Родригез, предавање по Р2

Доријан Илиќ – Петар Розмаринг, TKO, Р1, 00:58

Јани Иштван – Никола Јањиќ, TKO , Р1, 02:57

Мартин Батур – Сртахиња Дениќ, предавање со присила (давење со рака) , Р2, 02:59

Бруно Густовиќ – Томислав Бурец, предавање (гилотина),Р1, 00:36

Владимир Продановиќ – Марко Останеки, предавање (РНЦ) , Р1, 04:28

Тилен Коларич – Хрвоје Степиќ, предавање (РНЦ), Р1, 04:25

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО