Брок Леснар со првичен коментар по падот на допинг тетсот

Brok Lesnar so opkruzuvanje

Во петокот вечерта ММА светот беше потресен од веста дека Брок Леснар паднал на допинг тетсот по победата над Марк Хант на УФЦ 200.

Можеби, ако не стануваше збор за Леснар, многу фанови ќе кажеа дека ова е уште еден спортист кој прибегнал кон стероидите, за да се претстави во подобро светло во октагонот.

Од друга страна, неговиот противник, Марк Хант, по веста за позитивната допинг тест веднаш рече дека од УФЦ треба да му преведат на негова сметка 50 отсто од хонорарот на Леснар или да го ослободат од договорот со организацијата, ако не се случи тоа.

Асошиед прес беше единствената медиум за кого Леснар даде изјава во врска со настанатата ситуација. Изјавата е исклучително кратка:

„Ќе сфатиме што точно се случило“.

Многу навивачи го нападнаа УФЦ поради тоа што не го применија своето правило во случајот на Леснар, кое гласи „дека секој борец пред да се качи во октагонот треба да постојано да биде тестиран за употреба на допинг во текот на четири месеци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО