Фјури: Ќе го победам Кличко и ќе одам да се напијам (ФОТО)

Fjuri slavi so pivo

Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите на ИБО, ВБО и ВБА, Тајсон Фјури, уште сега ја почна психолошката војна со Владимир Кличко, против кого ќе ја брани титулата на 29 октомври.

„Јас сум гениј во психолошките борби. Најдобар психолог сум во светот и при тоа го победив Кличко во неговата игра, а има диплома за доктор по психологија. Хм, значи ли тоа дека сум професор? Како и да е. Сега ќе ви ги откријам плановите за борбата на 29 октомври.

Прво ќе му откачам вилицата, а потоа ќе му ги собирате ребрата по подот. Повторно ќе го победам, а потоа одам во Њујорк, каде што ќе ги испијам сите врсти виски и пивото Гинис. Откако ќе отрезнам, ќе заминам за Орландо, за да поминам малку време со жена ми и децата“, изјави Фјури, кој вчера стана татко по трет пат. Со понежната половина Парис се определиле за име на бебето да биде Принцот Тајсон Втори.

Пресреќниот Фјури цел ден става твитови и слики од болницата со сопругата и бебето, а за финале пушти снимка од паб, каде отиде да го залее настанот.

Fjuri so bebeto

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО