Кубрат Пулев: Времето на Кличко помина, доаѓа нова ера

pulev faca

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев во саботата (15 ноември) ќе се соочи со Владимир Кличко во битка за титулите на Украинецот во верзиите IBF, WBA, WBO, IBO и на списанието „Ринг“.  Триесет и тригодишниот Пулев, пред мечот со Кличко, даде интервју за списанието „Ринг“

„Верувам дека сум во соодветната форма и дојден е моментот да ставам крај на владеењето на Кличко. Ако победам, тоа ќе биде како светска титула во фудбал за Бугарија. Целата земја ќе полуди. Не ја сакам победата само за себе, сакам да ја освојам за бугарскиот народ. Ако станам светски шампион, може дури да има пораст на државната економија“, рече Пулев во почетокот на интервјуто.

Какво е Вашето гледиште пред мечот со Кличко?

– Работам напорно, повеќе давам значење на моралот и правам различни стратегии. Така ќе биде до самото излегување во рингот. Се ќе направам за на крајот од средбата судијата да ја крене мојата рака.

Ivica Perkovic v Kubrat Pulev - Heavyweight

 

Првично требаше да се борите на 6 септември, но натпреварот беше одложен за 15 ноември. Како ви влијаеше тоа?

– Првично, разочарувачки, бидејќи имав вложено многу напор на висинските подготовки во Бугарија. Поради тоа мојата прва реакција беше дека сум потрошил 10 недели. Потоа ги видов позитивните работи. Одложувањето ми даде време за подобра подготовка и можност да бидам уште посилен. Убеден сум дека во моментов сум подобро подготвен отколку во август.

Какво е чувството да се бориш за светската титула и да станеш Број 1 во тешка категорија?

– Ќе бидам најдобар во светот. Тоа е мојот сон од детството. Со Божја помош, ќе го остварам.

Што може да одлучи натпреварот со Владимир Кличко?

– Кога ќе се качиме на рингот, сè ќе се сведе на тоа да бидам подобар од него. Според мене, клучна улога ќе има движењето на нозете. Едно е сигурно  Кличко нема да може да се наметне со физичката предност против мене. Нема да ме притиска, како што го правеше тоа против Поветкин.

Wladimir Klitschko v Kubrat Pulev - Press Conference

Во април, Кличко ја бранеше титулата против Алекс Липај, кој го победи по пет рунди. Што мислите за овој натпревар и претставувањето на Украинецот?

– Тогашниот ривал не беше на нивото на Владимир. Липај не беше посилен од мојот последен ривал, против кого се борев за да ја одржувам форма на високо ниво. Општо земено, според мене, средбата меѓу Кличко и Липај не вредеше.

Дали претходно се имате среќавано со Кличко, на пример на спаринг меч?

– Не. За прв пат го видов на прес-конференцијата за организирање на средбата.

Најдобрите победи ви беа против Александар Димитренко и Тони Томпсон. Сега ви претстои многу повисоко скалило. Што ве уверува дека може да го победите Кличко?

– Тренинзите, мојот тренер и целиот мој штаб. Сите фактори ќе имаат значење за време на натпреварот. Мислам дека дојде вистинското време на вистинското место да се стави крај на владеењето на Кличко.

Од претходни средби знаеме дека Пулев е многу популарен во Бугарија. Учествуваше во реклами и се среќаваше со претседателот. Кажете ни за овие моменти.

– Да се состанав со премиерот на земјата, тоа беше голем чест. Го почитувам го и верувам дека тоа е вистинскиот човек да ја води Бугарија.

Што мислите за конкуренцијата во тешка категорија?

– Сите сакаат да станат светски шампиони. Наскоро ќе ми биде наложено да се борам со некој од нив.

Kllicko-prazen stoll

Го познаваме боксерот Кубрат Пулев, каков е тој надвор од рингот?

– Играње шах, што повеќе. Фудбалот исто така е моја страст. Пријателите, со кои играм фудбал, ме нарекуваат Големиот Меси, заради техниката. Фудбалот е како боксот – треба да имаш талент и брзина во нозете.

Што ќе му порачате на Кличко пред натпреварот?

– Уште пред две години ти реков дека ќе дојдам по тебе. На 15 ноември времето ти истекува, ќе започне нова ера.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО