Петровец најдобар на „Трофеј на Скопје“

Trofej Skopje На првиот турнир во таеквондо „Трофеј на Скопје“ учествуваа 260 натпреварувачи од 9 земји. Беа прикажани квалитетни борби, а најдобар клуб во вкупниот пласман од сите категории е ТК Петровец со скор (7 први, 7 втори и 8 трети места), пред ААМ Приштина (6-3-3) и Олимпик арт (4-5-4).

Никол Чорбанов (-53 кг) од Таеквондо фитнес беше најдобра во сениорска клонуренција А-класа, додека кај мажите победник е Висар Питуши (-68 кг) од Аполонија. Радица Петрова (-59) од Таеквондо фитнес го освои првото место во јуниори А-класа пред Марија Пешевска од Делини. Кај јуниорите Б-класа најдобар беше Дан Бериша (+73) од Олимпик арт, а кај жените Стефи Ристовска (+63) од Комбат центар корјо.

Резултати од „Трофеј на Скопје http://taekwondo.com.hr/Tournament/1st-skopje-trophy/Statistics/77?dg=103&dt=1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО