Останато

Мераб Двалишвили го совлада олимпискиот шампион Хенри Сехудо по драматична борба

Мераб Двалишвили забележа една од најимпресивните победи во кариерата откако направи феноменален пресврт против олимпискиот шампион во борење Хенри Сехудо во главниот настан на РАФ Џорџија. На почетокот од натпреварот сè изгледаше во корист на Сехудо. Американецот постигна брзо соборување и со серија успешни превртувања изгради водство од 8-0 во првите минути.

Сепак, наместо да се распадне, Двалишвили постепено го пронајде својот ритам. Грузиецот почна да наметнува високо темпо, постојано да напаѓа и да го исцрпува олимпискиот шампион. Со неколку успешни соборувања и активна борба во втората половина од мечот, Двалишвили успеа да ја намали разликата.

Две минути пред крајот изведе импресивна акција за четири поени, што го однесе во водство за прв пат во резултатот. Малку подоцна, Грузиецот додаде уште едно превртување и го зголеми водството на 11-8, а Сехудо повеќе немаше сила да организира пресврт. По последниот свиреж Двалишвили емотивно ја прослави победата пред домашната публика.

„Толку сум среќен. Го направив мојот народ горд. Фала му на Бога што победив вечерва. Анри е олимписки шампион. Можеби следниот пат ќе се сретнеме во џудо“, рече Двалишвили.

Горузиецот потоа го насочи вниманието кон УФЦ и не пропушти шанса да му испрати порака на шампионот во бантам категорија.

„Го сакам УФЦ, ја сакам борбата. Петар Јан, врати се, брате. Што ти е“?

Ова беше само втор меч во слободен стил на Двалишвили во РАФ, но тој веќе имаше забележано импресивна победа над олимписки шампион, откако претходно го победи Сехудо во октагонот на УФЦ. Сега Грузиецот чека развој на ситуацијата околу Петар Јан со надеж дека двајцата конечно ќе се сретнат во долгоочекуваната трета борба пред крајот на 2026 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON