АктуелноДруги вештиниСамбо

Дин Ризвановиќ ќе се бори за златен медал, а Омер Елези за бронзен на силниот самбо турнир „Иван Докторов“

Одличен настап на македонската самбо репрезентација на Меѓународниот турнир „Иван Докторов“ во Софија, Бугарија.

Дин Ризвановиќ (88 кг) се пласира во финалето и ќе се бори за златен медал, додека Омер Елези (79 кг) ќе се бори во полуфиналето за бронзен медал.

На престижниот турнир учествуваат повеќе од 150 натпреварувачи од 15 држави: Македонија, Грција, Молдавија, Германија, Франција, Романија, Казахстан, Кипар, Украина, Италија, Ерменија, Бугарија, Хрватска и други.

Турнирот се одржува од 10 до 13 јули во Софија и претставува еден од најсилните меѓународни кадетски самбо турнири во Европа.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON