АктуелноМеѓународна сценаММА

Мек Грегор: Ако Иан Гари го победи Махачев, ќе се борам со него

Конор Мек Грегор веќе гледа напред кон својот следен предизвик, иако прво ќе мора да се соочи во долгоочекуваниот реванш со Макс Холовеј на УФЦ 329. Ирската ѕвезда призна дека е подготвен да се бори со сонародникот Иан Гари – Мачадо ако може да го симне од тронот шампионот Ислам Махачев.

За време на официјалната прес-конференција пред УФЦ 329, Мекг Грегор беше прашан дали би се соочил со Гари ако може да го победи Махачев.

„Дали би се борел со Гари ако го победи Махачев? Нема проблем“, рече Мек Грегор.

Сепак, пред да може да размисли за следниот противник, поранешниот шампион во две категории треба да го помине Макс Холовеј. Тие ќе бидат главни на УФЦ 329 кој ќе се одржи ноќта меѓу 11 и 12 јули во Лас Вегас. Во меѓувреме, актуелниот шампион во полусредна категорија Ислам Махачев ќе го брани појаотс против Иан Гари на УФЦ 330, закажан за 16 август во Филаделфија.

Мек Грегор го имаше професионалното деби во ММА во 2008 година и е дел од УФЦ од 2013 година.

Тој останува првиот борец во историјата на организацијата кој истовремено ги држел титулите во перо и лесна категорија. Иан Гари е една од ѕвездите во подем на УФЦ. 28-годишниот Ирец се натпреварува во организацијата од 2021 година и има скор од 10 победи и само еден пораз во најпрестижната промоција на ММА во светот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON