Садије Дура се бореше во репасажот на ЕП за младинци, Ангела Трајкоска го освои единстевниот поен за Македонија

Садије Дура се бореше во репасажот на Европското првенство во борење за младинци (У-20) во Скопје, но загуби со технички туш од Естонката Лисете Боеткер.
Ангела Трајкоска го освои единстевниот поен на ЕП за нашите борачки.
Можеби некоја од борачките коии настапија денес ќе добие шанса во репасаж. Сепак, билансот е лош, бидејќи речиси сите борби се изгубени со тенички туш или туш. Иако за многу од нив ова е прв настап на ЕП, домашниот терен требаше да биде голема мотивација.
Утре на душекот ќе се појават младинците каде што имаме поголеми очекувања, а Омер Мемеди треба да биде предводник на оваа генерација.
Европско првенство У-20::
Женско борење:
-53 кг Бојана Ковачова – Ремзие Карадаг (Турција) квалификации 0-10
-55 кг
Садије Дура – Марија Јефремова (Украина) 1/8 финале 10-0
Репасаж
Садије Дура – Лисете Боеткер (Естонија) 0-10
-57 кг Ангела Трајкоска – Лилијана Капувари (Унгарија) 1/8 финал 1-11
-62 кг Тамара Цветкоска – Грациела Енинго Асама (Шпанија) 1/8 финале 0-10
-65 кг Марија Цветанова – Василики Каравану (Грција) 1/8 финале 0-2
-72 кг Анабела Даниловска – Александра Мосеј (Молдавија) ¼ финале 0-4
Фото: Фејсбук Балканец



