АктуелноМеѓународна сценаММА

Џош Хокит: Агресијата на Аспинал може да му се врати како бумеранг

Американскиот борец во тешка категорија, Џош Хокит, започна нов напад врз шампионот на УФЦ, Том Аспинал, овој пат анализирајќи го неговиот стил на борба и предупредувајќи дека прекумерната агресија може да стане негова најголема слабост.

„Том е премногу агресивен, секогаш напаѓа. Тоа ги прави неговите борби спектакуларни, но тоа ќе продолжи само додека не се појави противник кој може да се спореди со неговиот атлетизам. Неговата сила е исто така и негова слабост“, рече Хокит, пренесе Блади елбоу.

Коментарот доаѓа само неколку дена откако Аспинал објави дека сега тренира без никакви ограничувања и е подготвен да се врати во октагонот во септември. Тогаш се очекува Британецот да се соочи со привремениот шампион Сирил Гане во една од најочекуваните борби во тешка категорија.

Ова не е прв пат Хокит вербално да го нападне шампионот. По победата над ветеранот Дерик Луис на УФЦ галата пред Белата куќа, Американецот дури изјави дека Аспинал треба да биде отпуштен од организацијата поради неговите чести поплаки за противниците и ретката активност во октагонот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON