Маурицио Руфи лета за Лас Вегас, ќе биде резерва за Мек Грегор – Холовеј

Бразилскиот борец Маурицио Руфи ќе биде официјална резерва за долгоочекуваната борба меѓу Конор Мек Грегор и Макс Холовеј на УФЦ 329. 30-годишниот борец веќе пристигна во САД, каде што ќе биде подготвен да учествува на главниот настан доколку некој од нив се откаже.
Самиот Руфи ја објави веста на социјалните мрежи, објавувајќи дека моментално тежи 84 килограми и го започнува последниот дел од подготовките пред гала вечерта во Лас Вегас.
УФЦ 329 ќе се одржи во ноќта од 11 до 12 јули, а на главниот настан ќе се соочат Конор Мек Грегор и Макс Холовеј. Двајцата веќе се сретнаа еднаш – во 2013 година, кога Ирецот победи со едногласна одлука.
Маурицио Руфи влегува во улогата на резерва по неговата импресивна победа над Мајкл Чендлер, кого го нокаутираше во првата рунда на историската гала на УФЦ одржана во јуни пред Белата куќа. Бразилецот има професионален скор од 14 победи и 2 порази во ММА и се надева дека ќе ја добие најголемата шанса во својата кариера доколку е потребно.



