АктуелноБоксПрофесионален

Турки Алалших планира две големи борби за Инуе и Усик

Саудискиот боксерски моќмик Турки Алалших планира две големи борби по неверојатниот викенд во кој непоразените Наоја Инуе и Давид Бенавидез извојуваа големи победи. Двајцата продолжија со своите победнички низи.

Инуе победи со едногласна одлука над Хунто Накатани во Токио и ја задржа титулата во супер бантам категорија, додека Бенавидез го победи Жилберт Рамирез во шестата рунда во Лас Вегас и стана шампион во крузер категорија.

Мајк Копингер од списанието „Ринг“ објави дека Турки Алалших сака Инуе да закаже борба со Џеси Родригез ако го победи Антонио Варгас во јуни.

Во борбата ќе се соочат двајца од најдобрите борци во супер бантам категоријата по долги периоди доминација на ѕвездите во пониските категории.

Друга борба за која се шпекулираше е дуелот меѓу Александар Усик и Агит Кабајел некаде во втората половина од годината, во кој се очекува украинскиот гигант да ги брани светските титули. Настанот би можел да се одржи во Германија

Усик на 23 мај ќе се бори против Рико Верховен. Доколку поранешниот двократен апсолутен светски шампион во тешка категорија го победи познатиот кикбоксер, тогаш наскоро би можеле да започнат разговори за голема пресметка со непоразениот Германец.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON