АктуелноБоксПрофесионален

Ентони Џошуа се стреми кон трета светска титула, Фјури останува голема цел

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа не се откажува од амбицијата да се врати на врвот на дивизијата. Според неговиот промотор Еди Херн, 36-годишниот Британец има јасен план за наредните месеци што би можел да го доведе до борба за светската титула во 2027 година.

Првиот чекор во тој камбек е борбата против Албанецот Кристијан Пренга, закажана за јули. Борбата се смета за подготвителен тест за Џошуа по паузата и закрепнувањето од повредите.

„Џошуа е во одлична форма. Тој е многу мотивиран и тренира напорно. Има јасен распоред до крајот на годината и веруваме дека ова е вистинскиот пат кон уште една шанса за светската титула“, изјави Херн за ТВ ИФЛ.

По евентуалната победа над Пренга, фокусот ќе се сврти кон мега судир со Тајсон Фјури – борба што навивачите ја чекаат со години. И покрај критиките дека борбата доаѓа предоцна, Херн е убеден дека интересот останува огромен.

„Кога луѓето велат дека повеќе нема интерес за Џошуа – Фјури, едноставно не се сериозни. Ова ќе биде огромен настан за цела Британија. Сите знаат кои се тие – од најмладите до најстарите“, додаде промоторот.

Херн, исто така, објасни зошто Кристијан Пренга е избран за следен противник.

„Никој не сакаше борба 50/50 за Џошуа во овој момент. По инцидентот и повредите, беше потребен помек чекор. Ако Ентони не може да го помине Пренга, тогаш нема смисла да се зборува за Фјури“, коментираше тој.

Планот е познат – победа над Пренга, враќање на ритамот и самодовербата, а потоа и најголемата британска борба во тешка категорија против Тајсон Фјури. За Џошуа, ова може да биде неговата последна голема шанса да се врати во светската елита.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON