АктуелноБоксПрофесионален

Херн: Џошуа и Фјури веќе имаат потпишано договор

Долгоочекуваната голема борба меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се приближува откако промоторот Еди Херн откри дека веќе е потпишан договорот за борбата. Ова значи дека сè што останува е двајцата да ги исполнат своите следни обврски за да стигнат до судирот.

„Ентони ќе има загревачка борба во јули. Тој нема да биде противник кого ќе го гледате и ќе велите „вау“. Мислам дека ќе има критики за тој избор“, коментираше Херн, правејќи паралела со враќањето на Фјури против Арсланбек Махмудов.

Сепак, најважната вест останува потпишаниот договор: „Добрата вест е дека договорот за борбата со Тајсон Фјури е веќе потпишан. Сè што треба да направите е да го вклучите телевизорот во јули и да ги доживеете тие 36 минути“, додаде британскиот промотор.

Потсетуваме дека Фјури се врати на рингот на 12 април во Лондон со победа над Махмудов и веднаш му упати предизвик на Џошуа, што сега е на прагот да стане реалност.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON