
Во саботата (28 март) Теквондо клубот „Ге-бек“ од Ресен учествуваше на Меѓународниот турнир во традиционално теквондо „Тирана опен“ во Албанија, на кој настапија над 150 натпреварувачи од пет европски држави.
Клубот настапи со девет натпреварувачи, освојувајќи вкупно 13 медали во дисциплините борби и форми (борба со замислен противник), од кои 4 златни, 5 сребрени и 4 бронзени.
Освојувачи на медали се:
Иван Шундовски – 1 место форми, 3 место борби
Михаил Гошевски – 3 место форми, 1 место борби
Димитар Андоноски – 2 место борби
Медина Мусиќ – 2 место борби
Марија Тунтеска – 2 место борби
Виктор Рунчески – 2 место форми, 2 место борби
Андреј Рунчески – 3 место форми, 3 место борби
Владимир Димитриевиќ – 1 место борби
Божидар Димитриевиќ – 1 место борби
Натпреварувачите на Ге-бек од Ресен уште еднаш го потврдија својот квалитет и го покажаа напредокот стекнат од претходните настапи.
Овој успех е резултат на напорна работа, дисциплина и силна желба за напредок на натпреварувачите. Клубот продолжува уште посилно, со уште поголема мотивација – затоа што вистинските шампиони не застануваат тука, туку секогаш се градат и стремат кон нови победи и повисоки цели.



