БКФЦБокс

Мешаница во публиката на БКФЦ Накелманија 6: Пери и Алварез си разменија удари (ВИДЕО)

Скандалозни сцени го одбележаа БКФЦ Накелманија 6 во Филаделфија

Скандалозни сцени го одбележаа БКФЦ Накелманија 6 во Филаделфија откако долгогодишните ривали Мајк Пери и Еди Алварез се бореа не во рингот, туку во публиката.

Гала вечерта беше во центарот на вниманието со борбата за титулата во тешка категорија еѓу ветераните на УФЦ Бен Ротвел и Андреј Арловски, каде што „Питбулот“ Ротвел излезе од арената како нов шампион по бруталната победа. Но, вниманието на фановите брзо се префрли надвор од јажињата.

И покрај тоа што беше една од најголемите ѕвезди на БКФЦ, Мајк Пери не беше дел од борбената картат бидејќи организацијата сè уште го бара следниот противник. Сепак, тоа не го спречи да се најде во центарот на акцијата откако избувна масовна тепачка меѓу него и „Подземниот крал“ Еди Алварез.

Снимките споделени од косопственикот на БКФЦ, Конор Мек Грегор, го покажуваат Алварез како се нафрла врз Пери додека фановите околу нив се приклучуваат во мешаницата. Потребна беше голема безбедносна интервенција за да се разделат двајцата и да се отстранат од ситуацијата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON