АктуелноБоксМеѓународна сценаММА

Објавија кога ќе се врати Фјури

Тајсон Фјури е во напредни преговори за враќање на професионалниот боксерски ринг во април, а Арсланбек Махмудов е меѓу „трите најдобри опции“ за негов прв противник, потврди менаџерот на „Ромскиот крал“, Спенсер Браун.

Фјури се подготвува за првата борба откако загуби од Александар Усик во реванш за светската титула во тешка категорија во декември 2024 година, а Браун верува дека наскоро ќе има официјални вести за враќањето на Британецот во рингот. Махмудов се бореше во Велика Британија во октомври, кога го победи Дејвид Ален на поени.

„Разгледуваме пет или шест различни боксери. Махмудов е меѓу првите 3-4, сигурно. Не можам да кажам кој ќе биде следниот противник на Тајсон. Тоа е работа на промоторите – сите се грижат борбата да се одржи. Наскоро ќе има официјални вести, тоа е неизбежно. Ќе го видите Тајсон назад во рингот, работиме тоа да се случи во април“, изјави Браун за Скај спорт њуз.

Потсетуваме дека 37-годишниот Фјури потврди на почетокот на новата година дека ќе се врати на рингот во 2026 година, речиси една година откако го објави своето конечно повлекување од спортот. Средбата со Махмудов би го загреала за евентуален врвен судир со едно од големите имиња во тешката категорија до крајот на календарската година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON