„Ме направи мултимилионер“ – Тајсон Фјури му се заблагодари на Владимир Кличко

Поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, ВБО, ИБО, ВБА Супер, Ринг и ИБФ, Тајсон Фјури, упати хумористична, но симболична порака до Владимир Кличко – точно десет години по нивната историска борба.
„Денес се навршуваат 10 години откако го симнав од трон долгогодишниот светски шампион Владимир Кличко. Во тоа време реков дека Тајсон Фјури ќе влезе во историјата како легенда – и таа легенда само ќе расте. Го кажав тоа пред борбата. Потоа го победив и направив што морав.
Владимире, славам секој ден веќе 10 години. Ти благодарам што ме направи мултимилионер, многу успешен и повеќекратен светски шампион“, рече Фјури во видео објавено на социјалните мрежи.
Борбата меѓу Фјури и Кличко се одржа на 28 ноември 2015 година во Дизелдорф и ја заврши доминацијата на Кличко, отворајќи нова ера во тешката категорија под знакот на „Ромскиот крал“.



