Христијан Димитриев го oсвои „Трофејот штипски боречки асови“

Христијан Димитриев e oсвојувач на „Трофејот штипски боречки асови“ на Меѓународниот турнир во борење слобдоен стил за деца и пионери „Трофеј штипски боречки асови“ во организација на БК Балканец.
Симеон Опренов од Бугарија е најдобар странски борач, Лана Николова е најдобар млад талент, Андреј Мишев – најдобар техничар на турнирот, а Никола Гицев е најдобар домашен борач.
На турнирот настапија борачи од Македонија, Бугарија, Косово, Србија, Романија, Грција, Молдавија, Турција и Албанија.

Медали за Балканец освоија:
24кг Марко Јорданов – сребрен
30 кг Наум Иванов – бронзен
30 кг Лука Николов – бронзен
34 кг Леонит Јанков – бронзен
38 кг Дамјан Димитров – бронзен
50 кг Ниола Пешев – сребрен
50 кг Лука Јанчевски – бронзен
45 кг Андреј Мишев – златен
48 кг Љупче Коцев – златен
55 кг Никола Гицев – златен
71 кг Филип Тодоров – бронзен
85 кг Христијан Димитриев – златен

Девојки
30 кг Лана Николова – златен
53 кг Бојана Ковачева – златен
65 кг Викторија Ѓурова – златен
У-20
65 кг Мелани Митевска – златен



