АктуелноДомашна сценаКарате

Стефан Стојановиќ е победник во апсолутна категорија на „Гранд при Скопје“, Дарин Куртановиќ и Кенза Фетаи кај јуниорите, а Иса Елмази кај кадетите

Стефан Стојановиќ е победник во апсолутна категорија во сениорска конкуренција на Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје“, посветен на Игор Лазарев. Кај јуниорите триумфираа Кенза Фетаи од Шогун и Дарин Куртановиќ од Кеикс, а кај кадетите Алеа Келменди од Фуше (Косово) и Иса Елмази од Фати.

Стефан Стојановиќ е победник во апсолутна категорија во сениорска конкуренција на Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје“, посветен на Игор Лазарев, а во организација на КК Цевтан Димов.

Во оваа категорија втор е Божјидар Сотиров од Шурикен (Бугарија, а третото место го делат Реџеп Рушити од Куштрими и Данило Божовиќ од Макептрол.

Кај јуниорите победници се Кенза Фетаи од Шогун и Дарин Куртановиќ од Кеикс.

Кадети: Алеа Келменди од Фуше од Косово и Иса Елмази од Фати.

Mакедонските клубови освоија 195 медали – 51 златни, 53 сребрени и 91 бронзени, а најуспешен клуб е Штип со 13 одличја – 7 златни, 5 сребрени и 1 бронзенм со што го зазеде второто место во вкупниот пласман.

Победниците добија парични награди во отворените категории: 100 евра кадети, 200 јуниори и 400 сениори.

Сите резултати ТУКА

Пласман по клубови ОВДЕ

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON