Стефан Михајловски ќе се бори за златен медал на СП во кик бокс, на Силвио Мировски му избега финалето од судиите

Стрефан Михајловски ќе се бори за златен медал на Светското кик бокс првенство во Абу Даби, ОАЕ, откако во полуфиналето го совлада Блаж Поточник од Словенија со 3-0.

Во финалето ќе се бори со Рафал Гасчак од Полска.

Силвио Мировски се враќа со бронзен медал бидејќи вополуфиналето загуби од Бохдан Ситник од Украина со 1-2.

„Силвио Мировски иако беше подобар во борбата против Бохдан Ситник од Украина ја загуби и останува со бронза“, вели селекторот Дејан Митровски.
Така, Македонија досега освои две бронзи, Бобан Илиоски и Силвио Мировски, а третиот медал ќе биде за Стефан Михајловски, злато или сребро.
Резултати – Светско првенство:
Кик лајт
+94 кг
Стефан Михајловски – Михал Јанак (Словачка)3-0 1/8 финале
Стефан Михајловски – Мостафа Саад (Египет) 3-0 ТКО
Полуфинале
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) 3-0
Финале
Стефан Михајловски – Рафал Гасчак (Полска)
Лоу кик
-71 кг
Силвио Мировски – Мухамед Карими (ОАЕ) 3-0 1/16 финале
Силвио Мировски – Лазар Ступар (Србија) 3-0
Силвио Мировски – Павел Кониечни (Полска) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Бохдан Ситник (Украина) 1-2



