АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ

Успешно завршен еден од најголемите БЏЏ настани во Македонија!

Во изминатите два дена во Флоу џиу џицу Скопје се одржа семинар каков што досега немало на македонската сцена за бразилско џиу џитсу, истакнуваат од клубот.

Клубот беше домаќин на елитните натпреварувачи од Бразил, Маркос Карозино и Жоијан Каује, врвни атлети од ГФТим (Граплинг фајт тим) кои донесоа знаење, енергија и ниво на техника што ретко се гледа на овие простори.

„Маркос веднаш по неговиот натпревар кој се оддржа во неделата на 21 ноември „ИБЏЏФ Карун” допатува од Калифорнија, а Жоијан од Абу Даби, двајцата директно во Скопје. Ова не беше „обичен“ семинар! Ова беше вистинско, чисто, натпреварувачко  БЏЏ – директно од изворот.

Енергија, техника, детали, филозофија, вредности… ниво што може да се донесе само кога работиш со луѓе кои живеат и дишат елитна натпреварувачка култура. Интензивен и инспиративен настан со атмосфера на светско ниво“, велат од Флоу џиу џицу.

Тие иазразуваат голема благодарност до сите што присуствувале, а со тоа го поддржаа клубот во својата мисија и беа дел од редок настан на автентично бразилско џиу џицу на највисоко ниво.

„Македонската БЏЏ заедница конечно доби нешто што долго недостасуваше – настан што поставува највисоки стандарди! Ова е само почеток на новата ера за нашата БЏЏ заедница!

Флоу продолжува да гради, да носи квалитет и да го отвора патот кон развој на спортот, нагласуваат од клубот.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON