На Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2025“ ќе настапат 280 натпреварувачи

За Меѓународниот џиу џицу турнир „Скопје опен 2025“ и финалето на Јадранската лига кој ќе одржи утре во спортската сала „Гоце Делчев“ во населбата Илинден во Скопје пријавени се 280 натпреварувачи со 350 влезови од 23 клуба од 7 држави.
Од Дан кју наведуваат дека се исполнети 204 категории во борби и 38 во не ваза.
Турнирот ќе го отворат градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и претседателот на Федерацијата на училиштни спортови Елена Мицковска.
Се очекува присуство и на министерот Борко Ристовски.
Уечсници на турнирот:
Словенија со три клуба – Фудошин, АДК Марибор и Сибор;
Србија со три клуба – НиФ Алексинац, Лозница и ХеаинДо;
Република Српска, БиХ – Минотаур, Славија и Јахорина;
Црна Гора – Феникс, Морнар и Питбул;
Грција – Мигдон и Александрија;
Бугарија – Динамо;
Македонија со седум клуба – Осенсеи, Дан-кју, Тигар, Хи Карпош, Соке, Катана, Ангели и Хулк ултимејд.

Техничка поддршка за овој турнир се клубовите Дан-кју и Илинден, како и Џудо федерацијата. Во организација се вклучени 30 лица, а целокупната техника ќе ја водат Данило Стеинман и Невен Шрок од Словенија.
Мерењето на борците и делење на акредитации е вечерва од 18.00 до 22.00 во хотел Континентал.



