Андријано Димишковски стартуваше со победа на Европското кик бокс првенство за млади во Италија

Андријано Димишковски забележа победа во мечот со Немања Глигориќ од Босна и Херцеговина на Европското кик бокс првенство за млади во Јесоло-Венеција, Италија.
Во наредниот меч Димишковски се среќава со Црногорецот Јован Липовина и ако победи ќе се пласира во полуфиналето, тоа му гарантира најмалку бронза на ЕП.

Калин Бабоски загуби 0-3 од Хусеин Каргач од Турција
На ЕП настапуваат 1854 кикбоксери со 2404 натправрувачки влезови од 41 држава.
Резултати – Светско првенство:
Лоу кик –постари јуниори
-63,5 кг
Калин Бабоски – Хусеин Карагач (Турција) 0-3
Андријано Димишковски – Немања Глигориќ (БиХ) 3-0
Андријано Димишковски – Јован Липовина (Црна Гора) ¼ финале
-60 кг
Марија Димовска – Рабија Карадаш (Турција)
+81кг помлади јуниори
Лука Змејкоски – Јоанис Еманулидис (Грција) 1/2 финале



