Почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди.
Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот на Манчестер, а според првичните информации од полицијата не постојат докази за насилна смрт.
Хатон освои неколку светски титули во својата кариера, до првиот трофеј стигна во 2005 година, кога во неверојатна борба го совлада фаворитот Коста Циу.
Британецот потоа имаше две борби со легедите Мејведер и Пакијао, претрпе два пораза, но собра милионска фан-база која го следеше и по завршувањето на кариерата во 2022 година, со поразот од Вјачислав Сенченко.
The minute’s applause for Ricky Hatton after his tragic passing aged 46. The players are wearing black armbands this afternoon pic.twitter.com/ivJxz7DN75
— Steven Railston (@StevenRailston) September 14, 2025
Откако се повлече од рингот, Хатон се посвети на тренерската работа, но го најави своето враќање во јули и закажа натпревар против Еиса Ал Дах од Обединетите Арапски Емирати за 2 декември во Дубаи. Тој често отворено зборуваше за своите проблеми со менталното здравје и зависноста од дрога. Како страствен навивач на Манчестер Сити, тој требаше да присуствува на дербито со Јунајтед на стадионот „Етихад“ денес, каде што резервираше маса во ВИП ложата.
Низ целата своја богата кариера, Хатон беше познат како агресивен и храбар борец. Освои бројни светски и британски титули и постигна 45 победи во 48 професионални натпревари. Неговите најголеми триумфи беа против Коста Циу и Хозе Луис Кастиљо, додека доживеа тешки моменти во поразите против Флојд Мејведер и Мани Пакјао. Хатон, кој следниот месец ќе наполнеше 47 години, го остава зад себе синот Кембел, кој исто така гради боксерска кариера.



