Каратистите на Макпетрол со најмногу трофеи на универзитетските карате првенства

Пред извесно време пишувавме за освоените медали на универзитетската карате репрезентацијата и остварување на голем број на спортски резултати, тоа е бројка за респект, 64 медали -16 златни, 21 сребрен и 27 бронзени. Резултати на кои можат да им позавидат многу репрезентации, а повеќе од сигурно е дека универзитетската карате репрезентација е најуспешна во нашата држава, односно каратето е спорт број 1.

За тоа дека каратето е најмасовен и традиционално студентски спорт, и дека има најголема традиција на успешност е бројот на медали на универзитетските натпревари кои се одржуваат секоја година, а сето тоа е направено во периодот 2004-2025 година, Уште еднаш ќе нагласиме дека македонските карате репрезентативци освоиле вкупно 64 медали – 16 златни, 21 сребрен и 27 бронзени.
Табела бр 1.
| РАНГ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРВЕНСТВА | ЗЛАТНИ | СРЕБРЕНИ | БРОНЗЕНИ | ВКУПНО | МЕДАЛИ |
| 1. СВЕТСКИ УНИВЕРЗ. ПРВЕНСТВА 2. ЕВРОПСКИ ЛЕТНИ УНИВЕРЗИЈАДИ 3. ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРВЕНСТВА ВКУПНО ОСВОЕНИ МЕДАЛИ ОД СИТЕ ПРВЕНСТВА | 2 5 9 16 | 7 6 8 21 | 7 9 12 27 | 16 20 29 64 | освоени се вкупно 64 медали |
Табела бр. 1: Освоени медали групирани во три групи на универзитетски првенства, односно по тежината и силината на натпреварите, први се Светските универзитетски првенства, Европските универзијади и на крај се ставени почетните Европските универзитетски првенства.
Но, како сето тоа изгледа од клупски аспект, односно колкав е учинокот најтрфејниот македонски Карате клуб Макпетрол во составот на македонската универзитетска карате репрезентација.
Табела бр 2: Освоени медали од каратисти-ки , членови на Макпетрол – Скопје
| Карате клуб “Макпетрол” – Скопје | Златни | Сребрени | Бронзени | Вкупно |
| 20 | 28 | 25 | 73 |
На Европските универзијади и Светските универзитетски првенства, во периодот 2004-2025 година, репрезентативците од Макпетрол освоиле 73 медали од кои 20 златни, 28 сребрени и 25 бронзени. Овие освоени медали само од Европските универзијади и Светските универзитетски првенства, го ставаат Макпетрол на недостижнта прва позиција на најтрофејни клубови. За да не дојде до забуна како бројот на медали е повисок од официјално освоените 64 медали, тоа е така затоа што екипните тимови кои освојувале медали биле составени од спортисти на овој клуб (бројано поединечно како спортисти, иако е тоа еден медал-н.з).
Повеќе од две децении во континуитет, спортисти кои се сениори и истовремено и студенти, и во машкиот и во женскиот тим, зборува за посветеноста, доследноста, упорноста и успешноста, на овој реномиран и докажан во европски и светски рамки, спортски колектив.

Каратисти од К К Макпетрол најбројни како освојувачи на медали од Светски универзитетски првенства:
До сега во Македонската карате историја од Светски универзитетски првенства, кои се во организација на Светската студентска универзитетска федерација ФИСУ/FISU и ВКФ/WKF (Светската карате федерацијаi), македонските каратисти освоиле вкупно 16 (шеснаесет) медали. Овие светски универзитетски медали, имаат многу висока вредност и се ставаат во групата на најголеми врвни спортски успеси. По законот за спорт на Македонија, освоен медал од овие првенства се наградува од страна на државата, односно спортистот кој освоил медал се стекнува со титула „Спортист од светска категорија на РС Македонија“.

Универзитетските постигнувања, придонесоа Макпетрол да има вкупно 14 каратисти кои добија титула за врвни спортски постигнувања од светска категорија, а тоа има големо значење , бидејќи репрезентацијата е иста, тие спортисти кои освојуваат медали и на официјалните европски и светски натпревари, освојуваат медали и на универзитетските првенства.
„Придобивките се многу големи и за нас тренерите, клубвите, федерацијата, но и за спортистите. На овој начин подолго ги задржуваме овие млади и успешни луѓе во спортот. Имаат поголем мотив да бидат активни спортисти и со тоа и најголеми амбасадори на Македонија на сите натпревари. Бројките на освоени медали, кои за прв пат ги споделуваме, покажуваат дека каратистите на Макпетрол секогаш биле во најголем број членови на репрезентациите и секогаш биле врвни спортисти и медалисти“, велат од клубот.

Во поединечна конкуренција од страна на спортистите на Макпетрол, од учествата на Светските универзитетски првенства освоени се вкупно 4 (четири) медали и тоа од: Сашко Патраклиев -70 кг – бронзен медал, Симона Заборска -55 кг– сребрен, Наташа Стефановска -61 кг – сребрен и Давид Петков -67кг – бронзен.
Во екипна конкуренција успешноста е поголема бидејќи тимовите во составите секогаш имале од спортисти кои биле членови на Макпетрол. Спортисти кои учествувале во составот на тимовите кои освоиле медали, а биле членови на Макпетрол, се вкупно 14 каратисти кои имаат освоен светски медал. Спортисти кои освоиле медали во екипна конкуренција се: Спасо Илиевски – сребрен медал, Симон Антиќ – сребрен, Симона Заборска – бронзен, Наташа Стефановска – бронзен, Моника Стефановска – бронзен, Сара Радичевска – бронзен, Петар Спасеновски – сребрен, Давид Петков – сребрен, Петар Заборски – сребрен, Глигор Петков – сребрен, Ангела Мојсовска – сребрен, Викторија Јовановска – сребрен, Моника Пендаровска– сребрен и Марија Петровска – сребрен.

Министерството за спорт треба да стави повеќе натпревари кои ќе ги признава како врвни спортски успеси од едноставна но многу значајна причина, бидејќи во текот на својата спортска кариера, македонските каратисти го имаат предизвикот на двојната кариера, Тоа што го прави успехот уште поголем е фактот што овие млади луѓе не се само студенти, туку и врвни, елитни спортисти, членови на сениорската карате-репрезентација. Нивната способност истовремено да ги исполнуваат напорните обврски на факултетот и да одржуваат тренинзи на највисоко ниво е доказ за нивната неверојатна дисциплина и посветеност.
Ако Министерството за спорт, покрај Светското универзитетско првенство, во рангираните критериуми за натпревари кои се вреднуваат за врвни резултати ги додаде во своите „Правилници” и постигнувањата од европските универзијади, тогаш македонските сениори подолго ќе ги задржиме како активни спортисти. Европските универзијади се елитни првенства, многу масовни и квалитетни и не заостануваат со ништо од официјалните европски и светски натпревари. Европските универзијади редовно имаат над 5000 спортисти учесници, кои се натпреваруваат во 22 спорта, со преку 40 европски држави, кои редовно учествуваат.

Македонските карате студенти се вистински пример за младите
Успехот на македонските каратисти на Европските и Светските универзијади е многу повеќе од само спортска вест; тој е инспиративна приказна за младите во Македонија. Тој е доказ дека со напорна работа, жртва и посветеност, може да се постигнат врвни резултати и на академско и на спортско поле. Овие млади луѓе се вистински амбасадори на својата земја и пример кој треба да се следи.
Успехот е и продолжение на долгата и успешна традиција што Македонија ја има во карате спортот, и доказ дека и во иднина можеме да очекуваме нови шампиони. Во време кога често доминираат негативни вести, успесите на овие студенти-спортисти се зрак на надеж и причина за национална гордост.



